Денеска е Св. великомаченик Евпал
Евпал живееше на островот Сицилија, во местото Катана, на преодот од третиот во четвртиот век и беше ѓакон на црквата во Катана. Околу 304 година императорот Диоклецијан го испрати тука управникот Пентагур. По силата на римските едикти од кои неколку издаде самиот Диоклецијан на овој му беше должност да ги гони христијаните. Но, во тоа време на островот имаше малку христијани, а и тие се криеа од властите по пустите места. Свети Евпал, пак, беше поткажан од некого дека е христијанин, па така заврши в затвор. Пентагур го држеше во затворот седум дена, изгладнувајќи го, а потоа го изведе на мачење и на суд. А откако судијата ја увиде бесмисленоста на маките, бидејќи Евпал никако не се откажуваше од Христа, нареди да го погубат. Неговите мошти се сочуваа до денес и се наоѓаат во едно село во близината на Неапол.
Ново на Сител
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска