Македонија
24. March 2019 - 8:30

Денеска е Св. Софрониј Ерусалимски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 март.

Денеска е Св. Софрониј Ерусалимски.

Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во Палестина и Египет. Потоа се замонашил и самиот, во Александрија, каде тогаш патријарх бил свети Јован Милостивиот. По смртта на Јован Мосх, тој се населил во Палестина, а во 634 бил избран за патријарх на Ерусалим. Во негово време, Ерусалим бил освоен од Арапите, со кои патријархот успеал да склучи мир и да ги сочува христијаните од угнетување. Се упокоил набрзо по освојувањето на Ерусалим, околу 638 година.