-->
-->
Денеска е првото затемнување на Месечината во 2020: Лавот -краткотрајна вљубеност, Овенот – одлуки за домот
-->
Денеска (10-ти јануари), ќе има полна Месечина и затемнување во знакот на Рак. Ова е прва од шесте затемнувања на Месечината и Сонцето што нè очекуваат во 2020 година што во суштина ги најавува големите пресврти и новата фаза која нè очекува. Како и секогаш во деновите кога има полна Месечина, можно е зголемување на вознемиреноста и напнатоста и деновите не се поволни за донесување важни одлуки. Емотивно, можеме да се чувствуваме лошо, истрошено и незадоволно и треба да посветиме внимание на семејните односи бидејќи тие може да бидат извор за конфликт. Можни се проблеми со родителите или загриженост заради нив.
Поволен е денот само кога се во прашање Лавовите и Девиците. Емоциите ќе бидат изразени кај сите, било да се позитивни или негативни.
Нагласени се зависта, љубомората, очајот, но и еуфоријата, како и фрустрациите.
Овен
Ќе се случат одредени промени во вашиот дом, бидејќи месечината ќе влијае на семејните односи. Внимавајте да не погрешите при носење на некоја одлука.
Бик
Месечината ќе влијае врз вашите емоции, па затоа воздржете се од носење клучни одлуки, потпишување договори и документи или преговори со роднините околу имот.
Близнаци
Помрачувањето ќе ве направи посвесни за финансиската ситуација, па нема да се впуштите во големите трошоци кои претходно ги планиравте.
Рак
Влијанието е најизразено врз вашиот емоционален склоп, имате проблеми да се разберете себе и што сакате и од себе, но и од другите околу вас.
Лав
Најдобро е овој ден да не правите ништо значајно, туку да се посветите на релаксација и одмарање. Можно е да ви се случи краткотрајна заљубеност.
Девица
Сите случувања се насочени кон тоа да добиете некоја финансиска добивка, без разлика дали сте студент, вработен, пензионер или пак, финансиски зависни од член од семејството.
Вага
Денеска внимавајте како се однесувате на работа. Ако премолчите некои нешта кои ви доаѓаат да ги кажете, нема да се ставите во незгодна ситуација.
Скорпија
Помрачувањето на месечината ќе влијае врз вашите филозофски размислувања, духовност и врз страстите. Внимавајте во кого имате доверба во животот.
Стрелец
Внимавајте во што вложувате пари и трошете ги паметно. Бидете особено внимателни со кредити, животни осигурувања или купување недвижнини.
Јарец
Сосема се можни недоразбирања и на професионален и на емоционален план. Ќе сакате да се дистанцирате од одредени личности во вашата околина.
Водолија
Ова помрачување ќе влијае врз вашето здравје, па затоа треба да почнете посериозно да внимавате што јадете и редовно да ги земате витамините.
Риби
Месечината овојпат ви носи промени кога е во прашање љубовта, но и вашите емоции општо. Имајте реални очекувања и согледувања на ситуацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите