Македонија
21. October 2020 - 8:35

Денеска е Преподобна Пелагија

Оваа Пелагија потекнуваше од Антиохија и Господ и дал голема телесна убавина.

Таа своја убавина Пелагија ја користеше за блуд, па така собра големо богатство. Еден ден таа отиде во црквата во која проповедаше епископот Нон и ја слушна неговата беседа за страшниот суд. Тоа толку ја потресе, што реши сосема да се измени. Откако Нон ја крсти, таа отиде во Ерусалим и се затвори во една келија на Елеонската Гора, живеејќи како монах Пелагиј. Откако преку пост и молитва ја исчисти душата од страстите, таа се удостои за небесното царство и се упокои околу 461 година.

Денес се слави и преподобна Таиса, која има слично житие како и Пелагија.