Денеска е пренос на моштите на св. Никифор
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 март.
Денеска е Пренос на моштите на св. Никифор.
Свети Никифор бил цариградски патријарх во времето на императорот-иконоборец Лав Ерменецот. Заради неговото право исповедање на верата во поглед на почитувањето на иконите тој бил свргнат од императорот и заточен на островот Проконис, каде и се упокоил во 828 година. По 12 години, кога повампиреното иконоборство било конечно победено, новиот цариградски патријарх Методиј ја убедил императорката Теодора да ги пренесе моштите на свети Никифор во Цариград и да ги постави во црквата Св. Апостоли.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Монтан и Максима.
Во 304 година, во времето на прогонствата на Диоклецијан, поради верувањето во Христос свети Монтан и Максима биле мачени, убиени и фрлени во реката Сава.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата