Македонија
7. јуни 2016 - 12:53

Денеска е денот: На полноќ посакајте три желби

Раширено е верувањето дека на овој ден сонцето се движи назад од север кон југ, три пати застанува и заигрува.

Овој ден, исто так, е познат и како Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител. Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.

Се верува дека небото на полноќ се отвора три пати, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а оној кој ќе ја дочека буден ќе посака три желби, тие ќе му бидат исполнети.

Во оваа ноќ може да се открие и закопаното богатство.

Во народната песна, во која се зборува за нешто што не може да биде, и во која се фрла проклетство на девојка да не се омажи, девојката на која е фрлена клетвата на овој ден треба да се помоли во црква или во манастир на Свети Јован, да запали свеќа и да остави скромен прилог на храмот.