Дендиас: Ги продлабочуваме односите со Македонија
Ги продлабочуваме односите со Македонија, но нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во неговото обраќање во грчкиот Парламент, за време на расправата за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија говореше за сите аспекти на надворешната политика на Грција, а во однос на Балканот истакна дека земјата одново се поставува како силна и стабилна европска земја и како столб на стабилност.
-Практично ја поддржуваме интегративната перспектива на земјите од Западен Балкан, како главна оска на нашата политика. Ги продлабочуваме односите со Македонија, во рамките на заемно корисната соработка, но имајќи јасно поставено на знаење дека нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече Дендиас.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата