-->
-->
Ден на одгледувачите на овци Маврово - Ростуше 2016
-->
Во организација на Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, викендов во Маврово ќе се одржи 11. Ден на одгледувачите на овци Маврово - Ростуше 2016.
Манифестацијата закажана за сабота, 16 јули, е под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а поддржувачи се Националниот парк Маврово и Општината Маврово - Ростуше.
И оваа година ќе се избираат најдобри производители на традиционално овчо сирење, ќе има натпревари во стрижење и молзење овци, борба на пеливани, како и изложби на овци и на кучиња од расата македонски овчарски пес „шарпланинец“. Предвидена е и богата културно-уметничка програма.
Манифестацијата ќе заврши со заедничка овчарска закуска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?