Ден на народното востание
Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност.
По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата.
Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски - Питу и на Могилата на непобедените.
Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.
Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје.
Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.
Ново на Сител
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
-
Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани
-
Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм
-
Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција