Демонстранти во Њујорк бараат намалување на буџетот на полицијата
Стотици демонстранти кои кампуваат пред градското собрание во Њујорк бараат од законодавците да го намалат буџетот на градската полиција.
Камп во паркот на Менхетен почна да се формира во почетокот од оваа недела, по неколку недели на улични протести предизвикани од смртта на Џорџ Флојд и други Афроамериканци убиени од полицијата.
Демонстрантите се дел од националното движење кое се обидува да го пренасочи полициското финансирање кон други потреби како што се домување и образование.
Демонстрантите бараат Градскиот совет да откаже најмалку милијарда американски долари од сегашниот полициски буџет од шест милијарди американски долари кога ќе почне со разгледување новиот градски буџет следната недела. Организаторите го нарекоа „Окупирај го Градското собрание“, по пример на движењето „Окупирај го Волстрит 2010“.
Градоначалникот Бил де Блазио вети дека ќе го скрати полицискиот буџет, но не кажа колку.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот