Демонстранти од Портланд поднесоа тужба против федералната полиција
Две групи демонстранти против употребата на федералните безбедносни структури, ангажирани да ги згаснат протестите во Портланд, поднеле тужба пред федералниот суд против Министерство за внатрешни работи, јавија американските медиуми.
Во тужбата се тврди дека е противуставно испраќањето федерални безбедносни служби за растерување демонстрации со употреба на невидено насилство, солзавец и гумени куршуми против граѓаните.
Групите „Ѕид на мајките“ и „Не пукајте во Портланд“ поднесоа тужба против в.д. секретар за внатрешна безбедност, Сед Волф, и други федерални службеници одговорни за насилството.
Во тужбата се тврди дека со присуството на федералните агенти во Портланд се кршат фундаменталните принципи на демократијата затоа што федералните власти вршат репресија врз сопствените граѓани со употреба на нелегална тактика и ангажирање на федерални безбедносни структури место локалната полиција.
Градоначалниците на Портланд и пет други американски градови, истовремено, апелираа до Конгресот да ја прогласи за незаконска одлуката на администрацијата на Трамп за распоредување федерални агенти во градовите, каде тие не се пожелни.
„И покрај противењето на локалните власти оваа администрација нареди сурова употреба на сила од страна на федералните безбедносни служби во американските градови и тоа никогаш повеќе не смее да се случи“, се вели во писмото испратено до лидерите на Конгресот од првите луѓе на Портланд, Сиетл, Канзас Сити, Албукерки, Њу Мексико и Вашингтон.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?