Демонстрации во Грција на годишнината од убиството на момче од страна на полицијата
Три илјади полицајци се ангажирани денеска поради денешните демонстрации во Атина по повод годишнината од убиството на Александар Григоропулос.
На 6 декември 2008 година убиството на 15 годишниот Григоропулос од страна на полицијата предизвика масовни немири. Оттогаш секоја година во спомен на момчето се одржуваат демонстрации, во кои повеќе пати доаѓаше до судири со силите за зачувување на редот.
Ученици и студенти денеска ќе се соберат на митинг, на кој се очекува да присуствуваат и анархисти. За вечерва анархистите планираа и свој митинг.
Полицијата смета дека денешните демонстрации на анархистите имаат врска со нејзината операција во неделата, кога на атинскиот плоштад беше откриен куфер со 149 рачно изработени бомби.
Митинзи и протестни маршеви во врска со убиството на момчето ќе се одржат и во други градови на Грција.
Ново на Сител
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори