Демократски сојуз: Субвенции за електричната енергија и поддршка на сиромашните
Демократскиот сојуз предлага Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста за субвенционирање на поскапувањето на електричната енергија за 90% за граѓаните и компаниите или разликата во цената компаниите да ја плаќаат пет години по престанување на енергетската криза.
Воедно предлагаме социјален пакет за семејствата со ниски приходи,се со цел да можат да се прехранат во услови на енормно зголемување на цените на основните прехрамбени производи,енергија и услуги.
Еден од приоритетите за кој треба да расправа Парламентот е и тешката економска и енергетска криза во земјата и справување со последиците,како и спроведување на законските обврски од граѓаните и компаниите кои не плаќаат електрична енергија,данок на промет,данок на додадена вредност итн.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче