Демократски сојуз: Парализа на државата
Мега скандалот “РЕКЕТ” во кој се инволвирани политичари, обвинители, судии, бизнисмени, новинари и други криминалци, ја парализираа државата и целокупниот правен систем.
Парламентот е на одмор, а мораше досега да одржи вонредна седница и да расправа за состојбите во Специјалното јавно обвинителство, да ја разреши Катица Јанева и да донесе законски решенија со кои СЈО ќе продолжи со работа во состав на Јавното обвинителство, со висок степен на самостојност, но и контролни механизми над неговата работа.
Владата мораше да заседава и да побара од МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Агенцијата за национална безбедност (или се уште УБК) во соработка со Јавното обвинителство, да спроведат темелна истрага и сите вклучени во овој криминал да ги изведат пред лицето на правдата.
Во услови кога државата ја тресе катаклизмички криминално политички земјотрес, не дозволиво е “сите” надлежни да се на одмор.
Со “одморот” се даде реална можност да се ништат докази, да се влијае на сведоци, парите од уцени да се дислоцираат во странство, а Македонија да се прогласува за мафијашка држава.
Овој скандал покажа дека се разнишани темелите на државата и за тоа мора да има и политичка и кривична одговорност, но и системски промени за демонтажа на еднопартискиот систем.
Необјасниво е и неодговорно, Власта да повикува на темелна и продлабочена истрага (како да е опозиција), а конкретно да не презема ништо и да дозволи медиумите да ја “водат” истрагата.
Демократскиот сојуз бара мобилизација и активирање на имунолошкиот систем на државата и секој да понесе дел од одговорноста за состојбите се додека е можно тоа.
Граѓаните бараат акција и резултати.
Доста ни е од прес конференции, непродуктивни политички надмудрувања и јалови коментари и анализи.
Криминалот не може и не смее да биде вредносна категорија, туку зло со кое мораме да се справиме.
Ново на Сител
-
Намалена казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани, титулата ќе ја прослават со навивачи
-
Кривична пријава за Фрчковски, осомничен за незаконско користење на државни средства
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии