Демократски сојуз: Да нема летување за пратениците и министрите, државата да се консолидира
Демократскиот сојуз предлага пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат,се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија.
Демократскиот сојуз смета дека летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад.
Мора да продолжат реформите во судскиот систем,како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата.
Овој период да се искористи за подготовка на Платформа за на поефикасен начин да се справиме со пандемијата,да се спроведе имунизација на населението и реорганизира здравствениот систем во насока на негова подготвеност за дејствување во услови на кризна состојба.
Поради пандемијата многу реформи доцнат,поради што сметаме дека само со дополнителни напори и работа можеме да опстоиме на патот кон Европската унија и да создадеме подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот