Свет
7. December 2022 - 8:11

Демократот Ворнок победи на изборите во Џорџија

Со победата на Рафаел Ворнок на вчерашните избори во Џорџија зголемено е мнозинството на Демократската партија во американскиот Сенат.

Противкандидат во вториот круг на меѓуизборите на Ворнок беше Хершел Вокер. Во првиот круг одржан во ноември ниту еден не доби повеќе од 50 отсто од гласовите.

Со победата на Ворнок не е нарушена рамнотежата на силите во американскиот Конгрес. Демократите веќе имаа контрола врз Сенатот по првиот круг од парламентарните избори во ноември, додека републиканците се мнозинство во Претставничкиот дом.