Македонија
17. October 2021 - 10:03

Демиркапијци со 5.52 проценти излезеност до девет часот на денешните избори

Демиркапијци со 5.52 проценти излезеност до девет часот на денешните локални избори, потврди за МИА, Благој Јовановски, претседател на Општинска изборна комисија.

Во Демир Капија се гласа за двајца кандидати за градоначалник и за 7 советнички листи.

Вкупниот број на гласачи е 3.163, а има 11 избирачки места.