Демири ветува повисоки примања по изборите за приватните специјализанти
Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од приватните специјализанти кои денеска стапија во штрајк и најавува дека по изборите ќе се избори со ребаланс на Буџетот да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи.
На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.
- Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите, рече министерот Демири, на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.
Демири дополни дека е потребно трпение од специјализантите.
После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи. Мислам дека е ова коректно, подвлече Демири.
Претставниците на приватните специјализанти претходно информираа дека од Министерството за здравство биле повикани на средба во Владата во 14 часот. Како што најавија, петмина нивни претставници ќе бидат на средбата, а штрајкот ќе продолжи се додека не добијат писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени