Македонија
25. March 2024 - 16:43

Демири ќе ги казнува антиваксерите, медицинската елита со поддршка за вакцинацијата

Со широк фронт за поддршка на имунизацијата и со казни за антиваксери, здравствениот сектор ќе ја враќа довербата на граѓаните во вакцините како најголемо достигнување на човештвото.  Не смее да има лажни вести и дезинформации кои освен групи ги шират и лекари и затоа министерот Илир Демири ќе иницира и законски измени.

-Ќе влијаеме и со промена и со додавање на законски нормативи и ќе бидат казнети сите што потегнуваат кампањи против вакцинацијата, вели д-р Илир Демири, министер за здравство.

-Јас имам прочитано од една колешка, имам слушнато уште за една. Межутоа фејсбук е сива зон, и ние, односно и други земји нема како да го спречат тоа, вели проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ

Медицинската елита денеска во Лекарската Комора ставија потписи на Декларација со која сакаат да испратат порака за важноста на имунизацијата особено во време кога имаме епидемија на голема кашлица во главниот град а се заканува и епидемија од морбили поради нискиот опфат со МРП. Ако скопјани избегнуваат да одат во пунктовите, во Кичево опфатот е 96 и имаат свои методи како да допрат до родителите.

-ние ги повикуваме родителите ако не го донесат детето, им се јавуваме.

А ние и законски и професионално се обидуваме да им помогнеме на овие родители да постапат правилно, вели д-р Џабир Бајрами, педијатар од Кичево.

Многу е опасно враќање на болести од минатото и не треба постојано да учиме од грешките, вели првиот човек на здравствениот систем. И лекарите со свои примери треба да покажат дека вакцинацијата е неопходна.

-Сите недобро информирани пациенти се наша обврска, ние сме тие што треба да ги информираме што е безбедно. Еве јас им кажувам дека јас сум вакцинирана, и моите деца се вакцинирани, вели проф. д-р Калина Гривчева Старделова.

 Пред 4 години во епидемијата со морбили имавме 4 смртни случаи и околу 2000 заразени. Сега со епидемијата на голема кашлица бројките секојдневно растат. Минатата недела биле регистрирани 72 случаи, што е двојно повеќе од претходната.