Демир Капија ќе избира најдобра традиционална трпеза
Најдобра традиционална трпеза ќе избира општина Демир Капија во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата, Свети Трифун 2016”. Настанот го организираат Локалната самоуправа и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ, информираа денеска од Службата за информирање на јавноста при општината.
- Веќе е објавено и соопштение со кое се повикуваат сите заинтересирани да учествуваат на натпреварот кој традиционално привлекува огромно внимание, а е отворен за натпреварувачки екипи од по пет членови, без разлика дали се мажи или жени и од кој регион доаѓаат. Специјалитетите кои ќе бидат дел од трпезите, мораат да бидат припремени на традиционален начин, велат од Службата за односи со јавноста.
Најдобрите трпези ќе бидат наградени на 14 февруари со по 10, 8 и 6 илјади денари, а ќе има и други пригодни подароци за натпреварувачите.
Ново на Сител
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца