Loading Video...
Свет
29. јуни 2021 - 16:31

Делта сојот затвори уште еден град во Австралија

По Сиднеј, Перт и Дарвин, делта сојот на корона вирусот затвори уште еден град во Австралија. Жителите на Бризбејн добија наредба да останат во своите домови најмалку три дена.

Австралија се бори со ширењето на делта сојот, кој првпат се појави во Индија.

- Рестрикциите се неопходни, изјави премиерката на Квинсленд. 

Ситуацијата станува драматична и во некои европски земји. Покрај Велика Британија и Русија, делта сојот зема замав и во Германија, Франција и Португалија.

За спречување на ширењето на заразата, се повеќе држави враќаат дел од органичувањата но и воведуваат нова мерка, како што е задолжително вакцинирање против крона вирусот за вработени во некои сфери.