Делови во Албанија поплавени откако властите ги отворија вентилите на хидроцентралите
Делови од северозападна Албанија се поплавени откако надлежните дозволија да бидат отворени вентилите на браните на трите хидроцентрали на каскадата на реката Дрим.
Како што јави дописникот на МИА, ваквата одлука е донесена со цел да се ослободи вишокот вода од акумулациите за да се заштитат браните од пукање.
Албанското Министерство за одбрана потврди дека под вода се над илјада хектари земјиште и дека вонредни тимови се испраќаат за помош на поплавенте.
Трите хидроцентрали на каскадата на реката Дрим - Фиерза, која е втора по големина на Балканот, Коман и Вау те Дејес работат со максимален капацитет, поради преполните акумулаци по наглото топење на снегот и обилните дождови.
На патот до селото Обот во регионот на Скадар има над 30 сантметри вода, а два моста во ова подрачје се оштетени.
Според метереолозите, врнежите ќе продолжат и во наредните денови, поради што постои опасност од проширување на поплавените подрачја.
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите наместа влажни
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром