Делови од Скопје утре без струја
Корисниците од улиците „Нов живот“, „Дринска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.
Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од главната улица кон селото Љуботен, општина Бутел, а од 9 до 15 часот корисниците од место Голиево, дел од селото Бразда во општина Чучер–Сандево и село Горно Оризари во општина Бутел.
Во временскиот период од 8:15 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Крсте Мисирков“ т.е. стариот објект на Центро (Туркиш Донер, Мега Фешн, Хедеф Фешн и останатите корисници во истиот објект) и Сенатор во општина Чаир.
Од 9:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од кејот „Димитар Влахов“ бр. 4, објект на Стара Комерц, општина Центар, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од улиците „Љубица Георгиева“ и „Будимпештанска“.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар