Македонија
21. April 2016 - 11:41

Делови од Карпош и Шуто Оризари утре без струја

Корисниците од улиците „Виничка“, „Вашингтонска“, „Нов живот“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари, утре од 9 до 15 часот ќе бидат без струја. 

Во истиот период без струја ќе бидат и дел од жителите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ од бр. 106 – 120, парни броеви, во општина Карпош. 

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мајаковски“ од бр. 3 – 37, а од 8.30 до 12.30 часот дел од жителите од улицата „Никола Тримпаре“ во општина Карпош.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.