Делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски
Со низа пригодни свечености, под слоганот „Обединети во слободата“, денеска Република Северна Македонија го одбележува Денот на независноста - 8 Септември, денот кога пред 31 година го отпочнавме својот пат како суверена и независна држава.
Чествувањето на овој голем празник во организација на Владата на Република Северна Македонија, започна со положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта „Бутел“.
Владината делегација која им оддаде почит на претседателите што оставија неизбришлив печат во градењето на нашата државност, беше предводена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, а во нејзин состав беа, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за здравство Беким Сали, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.
На вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, свежо цвеќе положија и делегации на Кабинетите на претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор како и претставници на политичките партии.
Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември ќе продолжи со „Отворениот ден за граѓаните“ и богата културно уметничка програма на „Школка“ во Градскиот парк, а централната прослава ќе се одржи вечерва на платото кај паркот „Ибни Пајко“ од 19:30 часот.
Ново на Сител
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени