Делегација од збратимениот кинески град Далијан во посета на Охрид
Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска имаше средба со шестчлената делегација на кинескиот град Далиан предводена од заменик-градоначалничката Вен Зукионг.
Во кинеската делегација се директорот на културното биро во Далиан, директорот на Образовното биро и претседател на Стручно-техничкиот колеџ, како и заменик-директорот на Канцеларијата за надворешни работи.
На средбата било разговарано за интензивирање на соработката со кинеската општина, што иницијално би била насочена кон соработка во областа на културата, преку размена на музички ансамбли што би учествувале на културните настани во двете држави. Била разгледувана и можноста за отворање на кинески културен центар и фондација, за промоција на кинеската култура во Македонија.
Исто така станало збор и за соработка во образованието преку размена на ученици и професори. Во наредниот период гостите од Далиан ќе ги посетат културно–историските знаменитости на градот, како и одредени институции со кои е предвидено остварување на соработка во иднина.
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН