-->
-->
Делегација од кинескиот град Вуши во посета на Кочани
-->
Во работна посета на Кочани денеска престојуваше делегација од збратимениот град Вуши, од Република Кина која се сретна со градоначалникот на општината Ратко Димитровски и стопанственици.
Се разговараше за потенцијалите на кочанскиот крај во делот на оризопроизводството, искористувањето на геотермалните води и развојот и унапредувањето на планинскиот туризам, посебно во Спортско рекреативниот центар Пониква.
- Со гостите од збратимениот град Вуши разговаравме за можноста за квалитетно органско оризопроизводство со ситемот капка по капка,за пласман,односно извоз на произведените количини на ориз во Кина. Гостите ги информирав и за потенцијата на геотермалните извори во Кочанската котлина,со моменталната искористеност,како и за плановите за нови инвестиции во делот на искористувањето на овој енергетски потенцијал.Гостите се инетресираа и за планинскиот туризам во делот на потенцијалите на Пониква, ни изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Делегацијата од градот Вуши ја предводеше тамошниот прв човек на општината Јао Жијан Хуа.Во изјавата тој истакна:
- Тука сме да ги утврдиме почетните инвестиции од Република Кина во делот на оризопроизводството,неговото органско производство со системот капка по капка. Ја разгледуваме можноста за пласман на кочанскиот ориз во Кина,како голем потрошувач на овој прехранбен производ.Искуствата ваши се големи во делот на странските инвестиции,па оттука и наши стопанственици се заинтересирани да инвестираат кај вас,истакна градоначалникот на Вуши, Јао Жијан Хуа.
Според договорот соработката мегу збратимените општини Кочани и Вуши ке продолжи на културен и образовен план при што се очекува размена на ученици и студенти од двата града.
Следната посета на стопанска делегација од градот Вуши,Република Кина е закажана за месец октомври кога во Кочани се одржува манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња