Делегација од европски министри во посета на Грција и Турција поради бегалската криза
Шестмина министри и заменици-министри на земји членки на Европската унија ќе ја посетат Грција во следните два дена, за да изразат солидарност со државата, јавија грчки медиуми.
Посетите се предвидени за утре и задутре. Министрите ќе бидат пречекани од заменик-министерот за надворешни работи одговорен за европски прашања, Никос Ксидакис. Тој ќе ги запознае колегите со мерките, кои се преземаат во врска со бегалската криза.
Во европската делегација ќе учествуваат претставници на Холандија, Франција, Словачка, Италија, Португалија и Малта.
Министрите утре ќе бидат примени и од премиерот Алексис Ципрас, а во сабота ќе разговараат со министрите за надворешни работи Никос Коѕиас, за миграција Јоанис Музалас и за трговска морнарица и прашањата на островите Тодорис Дрицас.
На 9 април делегацијата ќе замине за Турција. каде ќе се сретне со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија