Македонија
6. February 2017 - 17:45

Делегација на „Македонска пошта“ во посета на Косово

Делегација на „Македонска пошта“ предводена од генералниот директор Фаадис Реџепи престојува во Приштина каде оствари средба со генералниот директор и стручните служби на „Пошта Косово“.

Во составот на македонската делегација се и директорот за поштенски операции Ремзи Абдулахи, раководителот на Секторот за ИТ, Ѓорѓи Кокиновски и раководителот на самостојна служба за квалитет Зана Кадри.

Посетата е продолжение на соработката меѓу двете поштенски управи по потпишувањето на меморандумот за соработка на 10 март 2016 година.