-->
-->
Делчево рекордер по бројот на новозаболени до Ковид-19 на крајниот Исток
-->
Со вкупно 13 нови позитивни случаи, Делчево денеска е рекордер по бројот на новозаболени од Ковид-19 на Истокот. Од здравствениот дом во Делчево информираа дека случаите се заеднички со М.Каменица, каде денеска двајца од вкупно тринаесетте регистрирани се позитивни на коронавирус.
-За жал и денеска како и вчера сме меѓу градовите со најмногу новозаболени. Тестирањата за кои резултатите ќе се знаат во наредните денови продолжуваат и понатаму. На новозаболените им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.
Воедно како што додадо тројца од пациентите кои претходно се водеа како позитивни, денеска се регистрирани за оздравени.
Најмногу оздравени денеска има во Берово, вкупно 6 од претходно заболените од Ковид-19. Во оваа малешевска општина денеска има само еден новозаболен од коронавирус, додека во соседно Пехчево присуство на вирусот е регистриран кај 3 лица. Во целиот регион бројката на заболени изнесува 154 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кинеските инсфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии