-->
-->
Делчевец без причина истепал 4-годишно дете, ниту братот ниту снаата не успеале да го спречат
-->
Вчера година во ПС Делчево, С.М. пријавил дека неговиот четиригодишен син околу 18.00 часот во Делчево на месноста викана „Голем рид“, над игралиштето во населбата.Стрелиште, без повод и причина физички бил нападнат од лицето А.А.. Според пријавителот, неговиот син заедно со други деца седеле на наведеното место.
Во наведеното време дошол А.А. и почнал да го удира детето, по што му ја свиткал раката, а го удирал и по грбот. Тогаш дошол Ј.А., братот на А.А., и за момент успеал да го фати и спречи А.А. во нападот, но овој се отргнал и повторно почнал да го удира детето.
Дошла и сопругата на Ј.А. и на висок тон се обратила кон А.А. да престане да го тепа детето, по што започнала расправија помеѓу браќата Ј.А. и А.А.
ПС Делчево презема мерки и активности за целосно расветлување и документирање на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место