-->
-->
Дел од жителите на Македонска Каменица без вода за пиење
-->
Дефект на главната водоводната линија во Македонска Каменица денеска предизвика прекин во водоснабдувањето на жителите од колективните станбени згради во централното градско подрачје.
Како што информираа од јавното претпријатие „Камена Река" по отстранувањето на дефектот водоводната линија повторно ќе биде ставена во функција со што жителите од споменатите места повторно ќе можат да ја користат водата за пиење.
- Ги известуваме сите корисници на водоводната линија, дека денеска после 12:30 часот, поради непланиран дефект на главната водоводна линија на излезот од градскиот базен за водоснабдување, вода за пиење нема да имаат жителите кои што живеат во повисоките делови или спратови во колективните згради низ општина Македонска Каменица. Водата ќе биде пуштена во употреба веднаш по одстранувањето на дефектот, информираат од ЈП „Камена Река".
Деновиве претпријатието во должина од 110 метри изврши замена на азбестна водоводна мрежа со што општина Македонска Каменица го заврши процесот на отстранување на канцерогените цевки на целата територија од градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион