Дел од пензионерите идната недела нема да земат пензија
Најголем дел од пензионерите кои земаат пензија преку ЕУРОСТАНДАРД банка идната недела нема да земат пензија затоа што не успеале да си отворат нова трансакциска сметка.
Турканици пред банките имаше цела недела, но заради здравствените протоколи отворањето нова сметка за најстарите лица оди многу бавно. За оние кои не успеаа да отворат сметка во друга банка пензија ќе има тогаш кога ќе го сторат тоа. За нив исплатата на пензијата ќе трае и до 25 сепетември што значи дека може и цел месец да останат без пари.
За оние граѓани пак кои веќе имаат нова сметка и картичка, пензија ќе има в среда на 26 август. Пензионерите кои имаат сметка, а не користат картичка ќе можат да ги извадат парите од банка во период од 26 до 1 септември во зависност од висината на пензијата.
Еуростандард банка имаше околу 100.000 клиенти – половината од нив пензионери, останатите вработени или приматели на социјална помош. 34.000 од пензионерите пак, пензијата ја добиваат на врата преку Македонска пошта.
Детали во Вестите во 16 часот.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош