Македонија
9. March 2017 - 15:26

Дел од општина Кисела Вода утре без вода

Дел од жителите од населбата Пинтија и корисниците лоцирани на улиците „Вера Јоциќ“, „Ѓорѓи Димитров“ и дел од „Народни херои“ утре од 12 часот ќе останат без вода за пиење. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица на улицата „Ѓорѓи Димитров“ 11 во населбата Кисела Вода. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на дефектот.