Дел од гувернерите го одбија планот на Болсонаро за отворање на економијата
Гувернерите на девет од 26 држави во Бразил и на федералната област на главниот град Бразилија, соопштија дека нема да ги следат упатствата на претседателот Жаир Болсонаро за повторно отворање на салоните за убавина, берберници и спортските академии, јави ДПА.
Болсонаро во понеделникот издаде указ со кој се додаваат трите сектори на 54 други „основни услуги“ на кои им е дозволено да функционираат и покрај пандемијата на Ковид-19.
Сепак, Врховниот суд им остави на државите и општините да одлучат за здравствените мерки за борба против пандемијата.
Уредбата на Болсонаро „не менува ништо од сојузниот декрет, што е во сила во моментот во Сеара, објави Твитер гувернерот на таа држава Камило Сантана. Тој додаде дека салоните за убавина, берберниците и спортските академии „мора да останат затворени“.
Гувернерот на федералниот округ Бразилија Ибанеис Роча рече дека градежните и индустриските сектори можат да функционираат, но дека ќе ги слуша експертите кои советувале да не се отворат трите услуги што ги промовирал Болсонаро.
Гувернерот на Бахија, Руи Коста изјави дека неговата држава „ќе ги игнорира новите инструкции од сојузната влада“.
Бразил потврди 177.589 случаи на Ковид-19 од избувнувањето на пандемијата на крајот на февруари, а 9.258 новозаразени се регистрирани само во последните 24 часа. Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 881 смртни случаи, што е рекорд за еден ден од избувнувањето на пандемијата. и вкупно 12.400 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата