Џет-Сет
4. September 2017 - 12:05

Деколтето на Ноне крена прашина – по невестата јасно е каде бил центарот на вниманието!

Ноне повторно е во родниот Велес, а пред повторно да заниме на брод, поранешната пејачка максимално е предадена на време поминато со најблиските, пријателите, миленичињата…

Викендов беше поканата на свадба, па како што е редот се дотера во елегантно издание и тргна да честита, да се забавува, сврти некое оро, да наздрави за долговечна љубов.

Овој пат не го донесе и саканиот Рајан и слободна на свој терен самоуверено со префинета доза на сексапил го истакна најдоброто на себе во тесно деколте од кое бујната предница украсена со бисери, ја направи центар на вниманието.

Свадбената фотографија на ообјави на Фејсбук каде крена прашина со својот жежок свечен изглед.