Живот
9. July 2015 - 10:56

Деканот со статус на Фејсбук ги воодушеви студентите

„Прекрасен човек, човечиште“ – со овие зборови голем број актуелни и поранешни студенти на економскиот факултет во Белград го опишуваат деканот, докторот Бранислав Боричиќ (60).

Професрот Боричиќ, кој инаку е активен на социјалните мрежи е познат по тоа што кон студентите не се однесува „од високо“, туку како вистински педагог, ментор и советник, со својата последна објава на Фејсбук ги воодушевил студенитите на својот факултет, но и бројни корисници на интернет.

Познат по ведрата сисла за хумор, па и со шегите на своја сметка, професорото уште еднаш покажал поради што е омилен меѓу своите студенти.

– Кога ќе објавам нов статус веднаш гледам, по лајковите за кусо време колку од моите студенти, среде испитна сесија, всушност не учат – гласи неговиот статус.