Тенис
2. March 2016 - 16:13

Дејвис куп: Грабул донесе водство против Ерменија

Македонската Дејвис куп репрезентација поведе со 1-0 во мечот со Ерменија во мечот од 1.коло од Третата Европска зона на ова натпреварување. Димитар Грабул го доби првиот меч Микаел Качатрјан со 6:4 и 6:0 во сетови за 57 минути игра.

Нашиот тенисер ја оправда улогата фаворит и искористи 5 од 13-те брејк топки во мечот, додека противникот имаше 1/3. Во вкупниот број поени скорот беше 62:39.
Во вториот меч Томислав Јотовски ќе игра против Микаел Аветисјан, а потоа следуваат дуелите во двојки.