Дејвид и Викторија Бекам ја продаваат вилата во Лос Анџелес бидејќи им е мала
Иако луксузната вила на семејството Бекам во Лос Анџелес има прекрасен поглед и базен, Дејвид и Викторија се одлучиле да ја продадат, бидејќи била премногу мала и нема доволно простор за фудбал. Сега сакаат да купат нова и поголема вила.
Дејвид и Викторија Бекам веќе девет години живеат во Лос Анџелес, а славната двојка планира да купи нова недвижност, бидејќи сегашниот дом им е премногу тесен.
Брачната двојка во САД живеат на лусузен имот кој се протега на 5.000 метри квадратни, а вилата која ја купиле за 14 милиони долари зазема околу 1.200 метри квадратни.
На имотот се наоѓа и голем базен, но тоа што му недостасува на Бекам е фудбалски терен, поради што сега сакаат да го продадат својот дом.
- Немаат место за игралиште, па децата мора да одат кај Гордон Ремси или Елтон Џон кога сакаат да играат фудбал” – рекол неименуван извор близок на семејството Бекам, додавајќи дека славната двојка сега бара куќа која ќе ги задоволи сите нивни критериуми.
Ново на Сител
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис