Свет
4. September 2015 - 11:06

„Дејли мејл“: Договор за распоредување на 160 илјади бегалци во ЕУ

Лидерите од Европската унија договорија итен план за распоредување на над 160.000 бегалци, кои моментално се наоѓаат на територија на цела ЕУ, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

Според новиот план, во кој вчера имал увид британскиот весник, бегалците кои се наоѓаат во Италија, Грција и Унгарија ќе бидат пренесени во други држави од ЕУ, според критериумот на вкупен број жители и економски просперитет.

Најмногу бегалци, околу 35.000 ќе бидат испратени во Германија, во Франција 26.000, во Шпанија 16.000, а во Хрватска 3.200 бегалци.

Велика Британија според истиот критериум би требало да прими 17.000 бегалци, но Лондон засега не се приклучува во заедничкиот план за прифаќање на мигранти.

Британскиот весник наведува дека според документот на ЕУ, во Унгарија се наоѓаат вкупно 54.000 бегалци, во Италија 39.600 и во Грција 66.400 бегалци