-->
-->
Дефект на водоводна цевка во центарот на Куманово
-->
Јавното претпријатие „Водовод“ - Куманово работи на отстранување на дефектот кој настана во центарот на градот на улицата „11 Октомври“.
Дефектот, како што појаснуваат од ЈП „Водовод“ е на главна водоводна цевка Ф-250 на улица „11 Октомври“ (наспроти судската зграда).
Од претпријатието велат дека времено ќе биде прекинато водоснабдувањето на улиците „11 Октомври“ и „Братство и единство“.
-Екипи на ЈП „Водовод“ со потребна механизација се на терен и веќе е почнато со ископ за лоцирање и поправка на дефектот. Екипите ќе работат се до отстранување на дефектот, при што се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во вечерните часови, велат од „Водовод“.
Цевката е поставена во 1958 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз