Македонија
7. November 2020 - 15:58

Дефект на улица Анкарска, предизвика прекин на вода во други улици во Скопје

Неколку улици во Скопје немаат пристап до водоснабдување.  Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација”, поради уличен дефект ф150мм на ул.Анкарска бр.21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Анкарска, Бахар Моис, Дрезденска, Римска, Атинска, Панче Пешев и Наум Евро.

Прекинот според надлежните од градското јавно претпријатије ќе трае до санирање на дефектот.