Македонија
9. July 2019 - 18:49

Дедо со „Југо“ изгубил контрола и удрил во столб- загинал на лице место

На 08.07.2019  околу 19.45 часот на ул.,,Вељко Влаховиќ“ во Берово Ѓ.Р.(75) од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб.

Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот.

Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено на семејството, информираат од МВР.