Деца од Велес на климатска рехабилитација на Пелистер
Во организација Друштвото на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП), а со поддршка од Министерстсвото за животна средина и просторно планирање, општина Велес и некои фирми, денеска од Велес за Пелистер на климатска рехабилитација во првата смена заминаа 129 деца.
Претседателката на Друштвото, Иванка Андова изјави дека целна група на климатската рехабилитација се деца од осум до14 години, кои имаат болести на срцето, проблеми со дишните патишта, алергии, анемии...
Андова додаде дека воспитувачите се волонтери од ДРГЗП, кои имаат стекнато претходно домашно и интернационално искуство во работата со деца и младинци.
- Секој ден во попладневните часови се организираат работилници во времетраење од два часа. Работилниците се осмислени на начин да бидат интересни за децата, прилагодени на нивната возраст, со цел активно да бидат вклучени во нив и на неформален начин да научат нешто ново, но и да се дружат со своите врсници, потенцира Андова.
Во двете смени на Пелистер ќе престојуваат вкупно 249 деца од Велес. Во втората смена на Пелистер ќе заминат уште 120 деца од Велес, како и по 27 деца од останатите три општини кои важат за еколошки загадени: Каварадрци, Кичево и скопската општина Илинден.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми