Кошарка
30. August 2016 - 9:59

Деби од соништата за младите кошаркари на Феникс 2010

 
 
Со настапот на селекцијата на кошаркари родени 2003 година КК Феникс 2010 ја отвори новата сезона (2016/2017) во Европската младинска лига (European Youth Basketball League - EYBL).
 
Во своето деби во EYBL лигата, селекцијата 2003-та оствари четири победи во исто токлу одиграни натпреври. На првиот од двата турнири од Централната дивизија, а во рамките на А групата, одржан во романскиот град Печуј.
 
Младите кошаркари на КК Феникс првиот ден ги победија романскиот шампион и вицепрвакот на оваа земја Ородеа (77-58) и Клуж Напока (76:53). Следуваа победите над Будуќност од Бјелина со 69:65 и унгарскиот вицепрвак Дебрецен со 62:52. 
 
Скопската екипа беше единствената која првиот турнир го заврши со максимални четири победи, па во исчекување на вториот турнир важи за еден од тимовите кои ќе претендираат за место во плејофот. Но, за остварување на црвата од двете зацртани цели оваа селекција предводена од тренерот Денис Дервишевиќ ќе треба да го повтори успехот и на вториот турнир кој ќе се игра во Дебрецин од 12-15 јануари 2017 каде ќе играат против тимовите на: Сопрон и Ратгеберг (Унгарија), Флеш, Белград (Србија) и УСК Пелхмиров (Словачка).
 
- Ова е одличен почеток на новата сезона. Иако дебитираа овие млади кошаркари покажаа многу зрелост во играта, желба за надигрување, но пред се, голем тимски дух. Токму таквата тимска игра во која партиципираа сите дванаесетмина играчи, беа клуч на успехот. Но. Победите нема да не залажат, па затоа ќе продолжиме со уште повеќе работа. Низ првенствените натпревари во домашниот шпампионат во кој ќе атакуваме на титулата, ќе ја градиме формата за вториот турнир, а преку плејофот и за настапво Супер-финалето, - изјави тренерот Дервишевиќ.
 
Инаку во Централната дивизија конкуренти на КК Феникс ќе бидат и екипите на: Алба Берлин и Баерн Минхен (Германија), Гортат Краковја (Полска), Јуниор Левице и Интер Братислава, (Словачка), УСК Прага (Чешка), Младост Земун (Србија), Шолнок и Зирос Академија (Унгарија), кои ќе се натпреваруваат во Б групата. 
 
Годинава во EYBL лигата во конкуренцијата У-14 настапуваат вкупно 48 екипи од 15 земји. 
 
Само двете најдобри екипи од централната дивизија ќе обезбедат пласман во Суперфиналето, односно завршниот турнир на кој ќе настапат и екипи од првата дивизија во која партиципираат најдобрите тимови на оваа годишна возраст од: Русија, Литванија, Летонија, Италија, Полска, Велика Британија, Финска, Естонија, Белорусија, Казахстан и Украина.
 
Постигнатиот резултат секако потврдува дека сепак мак-баскетот има потенцијал, барем кога во прашање е клупската кошарка, за разлика од репрезентативната која летово неможе да се пофали со добри резултати. Ова е и добар показател дека под итно треба да се менува во начинот на работа со репрезентациите, односно да им се даде повеќе простор и шанса на домашните тренерски кадри, кои за разлика од „странците„ многу подобро ги познаваат квалитетите и потенцијалнот на макеоднските млади кошаркари. 
 
Неможе а да не се спомене и финансискиот момент, бидејќи самото учество во Европската младинска лига носи големи трошоци за клубот, играчите (родителите). Ќе бидат ли препознаени квалитетите на овие деца од „големите„ компании кои честпати само вербално ја изразуваат својата општествена одговорност, чест на исклучоци. 
 
Очигледно дека за разлика од домашните, странските компании, имаат повеќе чувство за поддршка во спортот, па така руската компанија „Стројтрансгаз“ го препозна потенцијалот на оваа екипа и беше единствената која го поддржа настапот на КК Феникс 2010 на европската сцена. 
 
- Сакам да изразам голема благодарност на компанијата „Стројтрансгаз“ која беше нашата единствена поддршка за реализација на овој проект. Којзнае, без нивната помош, како и поддршката од родителите, овие млади деца можеби и немаше да отпатуваат за Унгарија и да се докажат дека во моментов вредат од нивните врсници од Европа. Се надевам дека и други, пред се македонски фирми, ќе го препознаат нашиот труд и дека ќе ни помогнат да ги реализираме нашите планови, како со најмладите така и со другите две селекции кои ќе играат во EYBL лигата. Ова беше само првиот од најмалку десетте турнири на кои треба да настапиме, па затоа ја користам приликата да ги повикам сите кои на било кој начин можат да ни помогнат, да го сторат тоа, - изјави тренерот Дервишевиќ. 
 
Следни кои ќе играат во EYBL лигата се кошаркарите од генерацијата 2000-та година и тоа веќе на крајот на септември, а по нив ќе следува настапот на селекцијата 2001-ва (од 20 до 23 октомври во Будимпешта) која лани играше во големото Супер финале и заврши како осмопласирана во Европа во конкуренција на вкупно 45 екипи.