Дебата за улогата на медиумите на меѓуетничката интеграција меѓу младите
Тркалезна маса „Улогата и влијанието на медиумите во промовирањето на меѓуетничка интеграција и демократски вредности кај младите“ ќе се одржи денеска во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.
Проектот е петгодишна иницијатива, имплементирана од Македонскиот центар за граѓанско образование, во соработка со Министерството за образование и наука, клучните образовни институции и сите општини и училишта во Македонија.
На тркалезната маса ќе се обратат Едвард Гонзалез директор на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Небојша Мојсоски раководител на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Македонски центар за граѓанско образование, Назихтере Сулејмани државен советник во МОН.
Главната цел на проектот е да ја подобри меѓуетничката интеграција преку овозможување позитивни интеракции помеѓу младите од различни етнички заедници на ниво на училиште и заедница, подобрување на содржините, вештините и однесувањето поврзано со граѓанското образование и волонтерските практики на младите.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење