Бизнис
15. November 2018 - 9:21

Дебата за состојбата во „сончевиот сектор“ во Македонија

Македонска асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“ кое е грантист на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денеска  организира панел дискусија за состојбата во „сончевиот сектор“ во Македонија, како и работилница за претставување на новите услуги.

Најавено е учество на претставници од компании што работат со производство на сончеви колектори, невладини организации за животна средина, како и од секторот за енергетика во Министерството за економија. 

Целта на грантовите од проектот на УСАИД  е подобрување на постоечки и развивање нови деловни услуги за микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија.