Македонија
27. јуни 2018 - 8:43

Дебата за родова нееднаквост и предизвиците на жените во општеството

Јавна дискусија на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?“ ќе се одржи денеска во Центарот на заедницата на општина Струмица.

Дискусијата се реализира во рамки на проект на „Иницијативата Стела“ и Институтот за истражување Импакт Скопје со поддршка на Американската амбасада.

Проектот е инициран од жени кои сакаат да го подобрат пристапот до високото образование и работни места за девојчиња и жени во Македонија. На дискусијата ќе се обрати Светлана Мазгалоска Вучетиќ, поранешна пратеничка, а воеднo и тренер за родова еднаквост.