Македонија
8. March 2024 - 16:37

Дебата за Денот на жената: Постигнат исчекор во законодавните промени за родова еднаквост, но тоа не е доволно

Борбата за еднакви права продолжува, додека секоја жена не го добие местото кое го заслужува. На меѓународниот ден на жената парламентот преку дебата побара поголема вклученост на жените во сите сфери на општеството.

За пратеничките кои ја иницираат Седницата, битката за рамноправност не смее да запре. Досегашната застапеност на жените на раководни позиции не е доволна. Во пресрет на изборните процеси , побараа на листите за пратеници да има рамноправна застапеност на жените и на мажите.

Во овој состав на парламентот има најмногу жени досега или 51 пратеничка, во споредба со првиот состав кога имало само 4 жени.

Претседателот на СДСМ Ковачевски најави дека во листите за пратеници 50 % ќе бидат жени, а ќе иницирал и 30 отсто од градоначаниците на идните избори да бидат жени.

Жените се столбот на едно семејство и на секое општество. Нивната истрајност  и сила се симболот на животот., порача и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вредноста на едно општество се мери во тоа колку тоа општество е еднакво и дава еднаква можност на сите без разлика на полот, верата и било која припадност. Нашата цел е токму таква Македонија да изградиме, Македонија во која мажите и жените ќе бидат рамноправни и рамноправно ќе се борат за своето место под сонцето, за себе и за својата татковина, напиша Мицкоски.

Сите чинители се согласни дека борбата за женските права продолжува до постигнување на целосна родова еднаквост.