Македонија
9. November 2016 - 11:31

Дебата по повод Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот

Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија денеска во 15 часот ќе биде одржана панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот.

На отворањето најавено е обраќање на вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми, главниот извршен директор на Меморијалниот центар Горан Садикаријо, германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Скендер Асани од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и професор Маријан Димитријевски од Институт за национална историја.

Панел дискусијата ја организираат Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Институтот за национална историја. Дискусијата е поддржана од вицепремиерот за европски прашања.